| четврток, 6 декември 2018 |

Акупресура во два чекори за ослободување од мамурлак, гадење и морска болест

Без разлика дали гадењето е предизвикано од бременост, морска болест или мамурлак, кога се чувствувате лошо сè што сакате е тоа чувство да исчезне. Лиценцираниот акупунктурист Пејџ Бураса, создала техника од 2 чекори која ќе ви помогне да се справите со секој вид гадење.

Пејџ има лиценца за акупунктура и свое студио во Њујорк. Таа дизајнирала курс наречен „Акупресура 101: Ослободување од болка во грбот, намалување на главоболката и анксиозноста“ во кој ја претставува древната кинеска техника – акупресурата. Таа советува како сами да се ослободите од болката и напнатоста, но споделува и неколку трикови за медитација и визуелизација кои ќе ви помогнат да станете најдобрата верзија од себе.

Прво, нежно притиснете ја точката PC 6. Оваа точка се наоѓа над зглобот на вашата дланка. Држете го притисокот цела минута.

Потоа, притиснете ја точката ST 36. Таа се наоѓа од страната на големата писка, под чашката на вашето колено. Нанесете нежен пулсирачки притисок на точката и држете 30 до 60 секунди.

извор: Кафепауза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top