Русија одлучи да ги зголеми патролите во неколку градови, откако тајните служби предупредија дека би можел да се случи ист терористички напад како во Ница.
Извор близок на специјалните служби изјавил дека МВР и Федералната служба за безбедност добиле информација за можни напади оваа недела и дека терористите во нападот би користеле лесни и тешки возила. Како што тој тврди, постои опасност таквиот напад да го изведе еден терорист.
Специјалните служби во моментов работат на предупредувањето за можен напад. Најголем е стравот од напади на јавни места.
Според информациите кои ги добиле службите за безбедност, терористите во возила можат да нападнат на улици каде се собираат голем број луѓе, но и на културни и спортски настани – додал изворот на руските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.