-Јас тврдам дека жените или ќе ја спасат или ќе ја уништат нашата македонска нација и нашата црква затоа што она што ќе се зачне во утробите на мајките треба да се роди ако сакаме да опстоиме и како нација и како народ и како држава и како црква – изјави за 24 вести владиката Петар оваа сабота на денот на Христосовото воскресение уште еднаш повторувајќи дека абортусот е неприфатлив за црквата.
Според владиката за високата стапка на разводи во Македонија се виновни жените и, како што вели, нивната потреба да имаат одлучувачка улога во семејството, иако, додава тој, користат поголеми права и од мажите.
-Браковите за жал се чести дури и кај нас православните, оние што се венчале во црквата. Голем дел од нив се разведуваат заради тоа што не сакале да се покажат смирени, заради горделивоста, заради тоа што сака секој да командува заборавајќи на тоа дека глава на куќата е мажот, а жената е повластена на мажот, но не во смисла да и се одземени правата, таа има поголеми права од мажот – смета владиката кој им порачува на верниците да се ослободат од блудот и прељубодејствието.
Инаку, податоците на Државниот завод за статистика говорат дека во 2012 во Македонија биле склучени 676 бракови помалку од 2011 година, додека минатата година сме имале 263 повеќе разводи од претходната година. Како причина за разведувањето биле наведени и несогласувања околу името на бебето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.