| четврток, 6 декември 2018 |

Со секира кај градоначалникот – маж направил хаос во Општина

Вчера околу 10.00 часот во Свети Николе, во зградата на Општина Свети Николе, Т.Ј. (47) од Свети Николе влегол внатре со секира и откако бил спречен, од страна на обезбедувањето, да влезе кај градоначалникот, отишол кај секретарката и ја навредувал со погрдни зборови.

По ова, излегол во ходникот, удирал со секирата по стаклото и радијаторот,а се заканувал на раководителот на обезбедувањето.

Во тој момент еден од вработените успеал да му ја земе секирата. Т.Ј. е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top