Утревечер, четврток 28 јули, на плажата „Галакси“ во Претор по вторпат ќе се одржи фестивалот „Бела ноќ“, кое лани во знакот на бело ја сплоти Македонија на едно место.
„Вајт сенсејшн бич фестивал“ (White Sensation Beach Festival), годинава повторно ќе се одржи под отворено небо, a ветува озвучување и осветлување кои ќе допринесат за перфектна забава. Огнометите и останатите ефекти ќе бидат вистински интересен декор на вечерта, а ноќното капење ќе биде предизвик за најхрабрите, ветуваат организаторите.
Настапуваат:
RICARDO,
DARK CHILD,
DJ BOBI,
ALEKSANDAR GALOSKI
и ѕвезда на вечерта THE MISTER од Грција.
THE MISTER, ди-џеј кој ја освои публиката во Македонија. Со свои настапи во сите големи клубови во Македонија, а пред еден месец заврши успешна турнеја во Шведска.
Влезниците може да се купат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 120 ден промотивно до 25.07, а од 25.07-28.07 по цена од 200 ден. Организиран превоз од Битола и Ресен со туристичка агенција Хера Турс (тел. 047/ 233-603).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.