| четврток, 6 декември 2018 |

„Калашњиков“ во изведба на Џеј Ло – Пејачката ќе ги пее овие песни на Брега

xej

Џенифер Лопез наскоро би можела да ги запее најголемите хитови на Брега. Нејзините менаџери стапиле во контакт со познатиот музичар, со кој се договориле за соработка. Како што се дознава, тие од Брега купиле шест песни за кои платиле 150.000 евра.

Џеј Ло сега има право да ги отпее: Калашњиков, Месечина, Ѓурѓевдан, ХопХопХоп,Биди тој човек, ЕлоХи.

Таа се уште не објавила ниту една песна и не се знае ниту кога ќе објави.

-Горан повикот од нејзините менаџери не го изненадил, бидејќи неговиот труд е ценет во светот. И претходно го барале многу познати пејачи, на кои им компонирал и песни. И Иги Поп изведувал негови нумери во филмот Аризона дрим. Нему сето тоа му е  нормално, па затоа со соработката со Џеј Ло никогаш не се фалел- изјавил извор близок на Брега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top