Согласно американскиот устав денеска, 20 јануари, Обама во Белата куќа се заколна пред семејството и американскиот политички врв. Со положена рака на Библијата, која ја држела неговата сопруга, претседателот ветил дека „ќе го чува, брани и заштитува уставот на САД”.
Големата инаугурациска манифестација е планирано да се одржи за јавноста во понеделник на пладне, каде се очекуваат околу 800.000 луѓе.
Во долгогодишната традиција е направена симболична измена. Заклетвата Обама ќе ја положи на две Библии- една која припаѓала на Линколн , а друга чиј сопственик бил Мартин Лутер Кинг. Ова ќе го одбележи денот посветен на лидерот на борбата за правата на црнците кој пред 50 години пред Линколн центарот го одржал познатиот говор „Имам еден сон”.
Потпретседателот Џо Бајден положи свечена заклетва за втор мандат во мала церемонија во неговата канцеларија. Тој на свеченоста изјавил дека е горд што е претседател на САД. 70-годишниот исто така, ќе биде дел од церемонијата утре со цел да ја повтори својата заклетва.
На првата инаугурација присуствувале 1,8 милиони луѓе, а тоа чинело околу 170.000.000 долари. Оваа година, бројот на службени балови бил смален од 10 на два, четири дневна прослава се смалила на три дена. Останува традиционалната парада, и најавен е настап на Бијонсе и Стиви Вондер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.