Турција пројави интерес за реализација на проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, изјави пред медиумите раководителот на „Газпром“ Александар Медведев, пренесе ТАСС.
– Самиот министер за економија на Турција (Нихат Зејбекчи) го покрена прашањето за „Турски тек“ и потврди, дека Турција е заинтересирана за неговата изградба. Беше постигнат договор за создавање на работна група од Министерствата за енергетика на Русија и Турција, за да биде вратен проектот кон фазата на имплементација, нагласи Медведев.
Раководителот на „Газпром“ го услови преминувањето на проектот во фазата на остварување, со потпишувањето на меѓувладин договор меѓу Анкара и Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.