| четврток, 6 декември 2018 |

Авганистан: Во воена операција ликвидиран локален лидер на ИД

Саад Емарати, еден од локалните лидери на терористичката група Исламска држава во Авганистан, е убиен во операција во источниот дел од земјата, јави кинеската агенција „Ксинхуа“.

Емарати бил ликвидиран вчера во регионот Кот, во провинцијата Нангархар.

Тој бил заменик на воениот лидер на ИД во регионот и ја предводел борбата против владините сили.

– За време на операцијата на авганистанските безбедносни сили против ИД во овој регион во последните 24 часа се убиени 122 бунтовници, а 20 други се уапсени, информира портпаролот на провинцискиот гувернер Атаула Хогиани..

Во операцијата, што се уште трае, учествуваат и авиони.

Засега нема информации за загинати цивили меѓу локалното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top