Терористичката организација Исламска држава (ИД) презеде одговорност за денешниот напад во црквата во француското место Сен Етјен ду Рувре, јави дописникот на МИА од Париз.
Официјалната агенција на ИД, Амак, објави соопштение во кое се вели дека „двајца војници“ на групата го извршиле нападот.
При инцидентот, како што соопштија црковните власти од Руан, терористите го убиле 84-годишниот свештеник Жак Хамел, а уште тројца други верници се ранети. Еден од ранетите е во животна опасност, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.
Како што јави телевизијата „Франс 24“, двете вооружени лица, кои при нападот како заложници задржа неколку луѓе во црквата, се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно „неутрализирање“.
Како што јави ТАСС, напаѓачите, кои биле вооружени со ножеви, биле убиени, при обидот да побегнат од црквата.
Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајцата напаѓачи упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре и ги задржаа како заложници сите присутни во неа.
Според француските медиуми, во цркавата во тој момент покрај свештеникот, биле и две католички калуѓерки и двајца верници.
За истрагата за случајот е задолжено Антитерористичкото обвинителство.
Францускиот претседател Франсоа Оланд веднаш замина на место на нападот, заедно со министерот за внатрешни работи Бернар Казнев, за да изрази солидарност на сите жители на општината.
Притоа тој изјави дека „двајцата терористи“ биле припадници на ИД. – Свешетеникот на парохијата беше убиен од двајцата терористи кои тврделе дека и припаѓаат на ИД, рече Оланд порака до Французите „да бидат свесни дека терористите нема да се откажат од ништо, се додека не бидат запрене“.
– Тоа е наша определба. Тоа го правиме постојано со водведување на закони, нови средства, со развивање на нови сили. Французите треба да занаат дека се соочуваат со закани. Но, тие не се сами. И Германија се соочува со закани, а други земји исто така. Но, нашата сила ни доаѓа од единството, порача Оланд.
Ове е прв изврешен напад на исламистичките терористити врз христијански храм во Франција, иако тие планирале слични напади и претходно.
Поради овој напад за утре Оланд закажа средба со Конференцијата на претставниците на религиозните заедници во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.