Напаѓачот кој синоќа во Центарот за згрижување лица со инвалидитет крај Токио, Јапонија со нож уби 19 лица порано бил хоспитализиран во психијатриска установа.
Како што соопштија локалните власти, напаѓачот престојувал во психијатриска установа, откако изразил подготовеност да „убива хендикепирани ако Владата тоа го одобри“.
Полицијата во градот Тсукуи во близина на Токио во почетокот на годината го контактирала осомничениот Сетоши Уематусу (26) откако тој се обидел да испорача писмо со својот бизарен предлог на претседателот на Долниот дом на јапонскиот парламент, откако на 19 февруари бил присилно хоспитализиран, пренесува „Ројтерс“.
Според официјални лица Уематсу тогаш на полицијата и рекол дека ако националната Влада одобри, тој би убил голем број тешко хендикепирани луѓе.
Тој бил пуштен од психијатриската установа на втори март откако лекарите процениле дека неговата состојба се подобрила.
Уематсу синоќа во Центарот за згрижување инвалиди и немоќно лица уби 19 лица додека спиеле а ранил најмалку 25 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.