Огромен пожар се разгоре до базата на НАТО во огруго Буч, кај Измир на западот на Турција, а локалните медиуми јавуваат дека властите се сомневаат дека тој е подметнат.
Огнената стихија почна да се шири од неделата попладне, но поради силниот ветер брзо стигнала и до базата на НАТО. Огнот е закана и за поголем број на населени места, пренесува „Си-Ен-Ен Турк“.
İzmir Buca’da ki yangın nihayet kontrol altına alındı şimdilik çok şükür pic.twitter.com/8V29LoHc6r
— TC Aysun (@ve_Laiklik) July 24, 2016
Во пожарот веќе настрадал еден дом за стари лица.
„Т24 њуз“ пишува дека и покрај трудот на НАТО војниците на теренот, огнот се приближува до воениот арсенал сместен на таа локација.
Иако САД го чува најголемиот дел од нуклеарниот арсенал во Турција, токму во база на НАТО, тоа оружје не се наоѓа баш на ова место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар во близина на Атина
-
Војници спасиле шест лица од пожарот во Дебар Маало
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)