| четврток, 6 декември 2018 |

Падна балкон во Италија, две жени мртви

Три лица смртно настрадале, а шестмина биле повредени откако синоќа се урнал балкон во гратчето Портичи, во близина на Неапол. Смртно настрадале две жени на возраст од 67 и 65 години, како и 65 годишен маж, кога врз нив се урнал балкон. Инцидентот се случил за време прославата во чест на Свети Кирил, заштитник на градот. Во прв момент се чинело дека експлодирала бомба, што предизвикало паника меѓу верниците.

Околу 25.000 луѓе излегле низ тесните улици на Портичи за да учествуваат во прославата што секоја година се одржува во чест на градскиот заштитник. За време на прославата кипот на Свети Кирил на раменици низ гратчето го носи група верници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top