Синоќа во 21:30 минути во близина на Американската амбасада во Скопје полицијата привела пет лица и едно лице кое издржувало затворска казна и било пуштено на викенд по што не се вратило во затворот – објави Плусинфо. Според нивните информации од МВР, во меѓувреме тоа лице, учествувало во физички напад.
Полицијата по основ на сомнение дека е можен сторител на тој напад и при обид да го приведе затвореникот, била попречувана од страна на 22-годишниот Е.А.
Во меѓувреме се насобрале поголем број лица кои почнале да фрлаат со камења и со разни предмети по полицијата, по што двајца службеници со повреди биле пренесени во Градската болница а оштетено е едно полициско возило. Приведени се и Н.С. (30), Б.Ф. (38), Ф.М. (32) и С.Ч. (53).
Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот и се преземаат мерки за утврдување други учесници пои што ќе следува соодветен однесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


