Видеото на која татко држи фотографија од неговиот загинат син, го обиколи светот. На фотографијата е 21-годишниот Дијамант Забергја, еден од жртвите во петочниот масакр во трговскиот центар во Минхен. Тој е еден од тројцата загинати млади Косовци жртви на Давид Али Сонболи.
Дијамант со пријателот бил во близина на ресторанот на „Мекдоналдс“ кога куршумите почнале да летаат.
Британски „Дејли мејл“ пишува дека на неговиот татко Наим во тој момент му заѕвонил мобилниот телефон. Се јавил пријателот на Дијамант.
– Ми рече дека купуваат сок и сакаат да седнат надвор. Напаѓачот бил оддалечен два метра. Тогаш почна да пука – раскажува Наим.
Пријателот на неговиот син успеал да побегне.
– А, мојот син…мојот син беше погоден и убиен. Јас се уште сонувам. Уште не можам да поверувам – раскажува тој.
Дваесет и едногодишниот Дијамнат бил омилен во друштвото.
– Имаше многу пријатели, секогаш беше насмеан – раскажуваат за весникот неговите роднини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.