Францускиот дефанзивец од редовите на Реал Мадрид, Рафаел Варан не планира да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, иако постоеја шпекулации за негово заминување од „кралскиот“ клуб.
– Сакам да останам во Реал Мадрид и следната сезона, и сметам дека тука имам се што треба за да продолжам со мојот фудбалски напредок. Сите во клубот ме почитуваат, и голем оптимист сум во врска со моите следни настапи во дресот на Реал Мадрид. Најдоброто е пред мене – истакна Варан.
Тој настапува за шпанскиот клуб од 2011 година, а претходно во кариерата ги бранеше боите на Ленс, и има 29 настапи за сениорската репрезентација на Франција, но не настапи на последното Европско првенство поради повреда, а се очекуваше да биде столбот во одбраната на својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)