-Турција не е во ситуација набргу да стане членка на ЕУ и сите преговори за нејзино приклучување ќе бидат итно прекинати, доколку таа повторно ја воведе смртната казна- изјави претседателот на Европската комисија, ЖанКлод Јункер.
Турските власти отпуштија, уапсија или започнаа истражни постапки против повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, образовен кадар, државни службеници и други, по неуспешниот обид за пуч и за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.
-Сметам дека Турција, во сегашната ситуација, не е во позиција набргу да стане членка на ЕУ, па дури и за подолг период- истакна Јункер.
Според него, земја која би ја вклучила смртната казна во своето законодавство, нема место во Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!
-
Јункер: Треба да ја исклучиме драмата од односите меѓу ЕУ и САД