| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Сплит: Паричникот му летнал низ прозор, сите како луди навалиле да грабаат

Несекојндневен случај се случил во петокот попладне во Сплит, кога паричникот на деветнаесетгодишниот Хрват Тин Миличевиќ едноставно му излетал низ прозорот од автомобилот, пишува „Слободна Далмација“

– Возев, а паричникот ми беше пред мене на контролната табла. Беше многу гужва, тргавме, па застанувавме. Во еден момент ветрот едноставно ми го собра од пред нос. Настана лудница – раскажува несреќното момче.

Ветрот ги разлетал парите насекаде. Луѓето како луди почнале да трчаат по нив и да ги грабааат, па дури се направил и уште поголем застој.

– Конечно еден човек го најде и ми го врати, но внатре фалеа околу 5.500 куни (повеќе од 700 евра, околу 45.000 денари). Работам како доставувач на пакети, а тоа беа парите од налпата кои понеделник треба да ги однесам во фирма – раскажува Тин, додавајќи дека не знае како ќе ги оправда тие пари и дека најверојатно ќе мора да се задолжи за да ги врати.

Момчето апелира и ги моли пронаоѓачите да имаат доволно доблест и да му ги вратат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top