Македонскиот олимписки комитет (МОК) објави повторен (вториот по ред) конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за изградба на „Олимписка куќа“ во Скопје.
Станува збор за проект кој вклучува изведба на административно-деловен објект, со музеј и одделен клуб-ресторан во склоп на идното здание. Архитектите и заинтересираните бироа треба да исполнат десетина критериуми, објавени на веб страницата на МОК, а кои претставуваат почетна точка при оценувањето на авторските творби од страна на оформената жири-комисија.
Распишаниот конкурс е отворен за аплицирање до 21 октомври, како краен датум до кога авторите треба да ги достават своите трудови до Македонскиот олимписки комитет.
Жири-комисијата на најуспешното архитектонско дело ќе му додели прва награда во износ од 100.000 денари, авторот на второ наградениот труд ќе се стекне со 60.000 денари, додека третата награда е предвидено да изнесува 30.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.