Кошмарен пат до море ги очекуваше патниците од Црна Гора од Белград, бидејќи возачите на „Ласта“ не го затвориле добро багажникот. Од таму испаднале најмалку четири преполни торби, а дека нешто не е во ред забележале дури кај Чачак. По куферите не се вратиле.
Во Подгорица една од патничките забележала дека нејзината торба ја нема, а без багаж останале и момче и девојка од Петровец.
– Ни понудија смешни пари за куферите, по 150 евра, а внатре немаше само алишта. Јас имав професионален фен за коса, фотоапарат, пегла, преса за коса, фигаро, две рала чевли, три сандалки, целокупната козметика, шминка, крпи, костими за капење – се на се околу 1.000 евра – изјавила девојката.
На крај несреќните патници не ги добиле ни тие 150 евра, туку оштетата ќе треба да ја бараат штом се вратат дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.