Не успеа да го доведе Џејми Варди, но менаџерот на Арсен Венгер подготвува убаво изненадување за навивачите на Арсенал. Како што пренесуваат англиските медиуми, веќе е паднат договор за ангажман на фудбалерот од средниот ред на Лестер, Ријад Махрез.
Алжирскиот интернационалец ја прифатил понудата од „топчиите“, позитивно одговарајќи на предлогот на Венгер на состанокот кој синоќа се одржал во Ленс.
Според најавите, Махрез дал согласност за преселба во Арсенал, а Лестер за овој трансфер ќе добие 50 милиони фунти колку што понудиле „топчиите“. Наредниве денови се очекува и официјална потврда на трансферот, и покрај тоа што пред само три дена Клаудио Раниери истакна дека преодниот рок за Лестер е завршен, и Махрез останува во клубот и во следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше