Европското првенство за јуниори во Самсун одложено е поради нестабилната политичка ситуација во Турција, одлучи ФИБА Европа.
„Ги зедовме предвид писмата од седум кошаркарски федерации, како и загриженоста на родителите за безбедноста на своите деца и одлучивме на неопределено време да го одложиме Европското првенство за играчи до 18 години. ФИБА ја разгледува можноста за одржување на шампионатот на крајот од 2016 или на почетокот на 2017 година“ – стои во соопштението од ФИБА.
Јуниорското ЕП во Турција требаше да се одржи од 30 јули до 7 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.