Тим на ОН има податоци дека бунтовниците во Сирија користеле нервен гас Сарин. Ова го изјави Карла Дел Понте, според која дека тимот дошол до тие податоци по разговори со жртви на напади и лекари во соседни држави каде претходно биле префрлени тие луѓе.
– Според тие извештаи, во кои имав увид, постои конкретно и силно сомневање дека е употребен гасот Сарин, но сè уште немаме целосна потврда – вели таа во интервју за швајцарско италијанска телевизија.
Според Дел Понте, тоа хемиско оружје го користеле бунтовниците, а не владините сили. Таа не прецизира кога и каде можеби бил употребен тој вид нервен гас. Владините и бунтовничките сили во изминатите недели разменуваа меѓусебно обвинувања за користење хемиско оружје при судирите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)