| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Напаѓачите се уште се во Минхен

мин2Полицијата јави дека трагаат по вооружените напаѓачи, но и дека со оглед на големиот број на специјална полиција, како и другите единици на безбедносните сили на улиците низ градот, не веруваат дека терористите успеале да избегаат од реонот на Минхен.

Еден од сведоците кои успеаја да избегаат од трговскиот центар, вели дека напаѓачот додека пукал, ги навредувал странците.

Тоа упатува на мислење дека нападот е мотивиран од десничарските идеи, а кон тоа се додава дека бил облечен „како неонацист“

-Додека работев во дуќанот, луѓето почнаа да трчаат и викаат ’Бомба’. Кога излегов од локалот, водов како едно лице им се приближува на тие што бегаат- пренесува телевизијата РТЛ.

Сведокот вели дека напаѓачот пукал од непосредна близина на луѓето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top