| четврток, 6 декември 2018 |

Мозила ќе ги блокира Флеш апликациите

adobe-flash-gets-temporarily-killed-off-by-mozilla-firefoxОд идниот месец Мозила Фаерфокс ќе почне да ги блокира одредени Флеш содржини, следејќи го трендот на другите популарни пребарувачи. Компанијата ќе започне со содржини кои не се неопходни, што вклучува Флеш елементи кои се невидливи за корисникот.  Од Мозила велат дека корисниците ќе имаат помалку проблеми со „рушење“ на пребарувачот, како и продолжување на траењето на батериите на апаратите, побрзо вчитување на страниците, како и севкупна безбедност.

Многу пребарувачи веќе ги блокираат Флеш содржините, пред се заради безбедноста. Флеш минатите месеци па и години беше извор на бројни безбедносни пропусти заради што се апелираше да се укине поддршката за Флеш. Од август корисниците на Мозила фаерфокс може да забележат дека одредена Флеш содржина им е блокирана. Од компанијата велат дека промените ќе бидат мали но во иднина листата на блокирани содржини ќе се зголемува.

За догодина се најавува дека Мозила ќе бара од корисниците рачно да ја одобруваат Флеш апликацијата за да може да се прикаже.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top