| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија Дортмунд сериозно се засилува, по Геце и Шурле во таборот на „милионерите“

shurle

Борусија Дортмунд комплетираше уште еден мегатрансфер на германски фудбалер во своите редови, втор во последните 24 часа откако по Марио Геце договор со „милионерите“ попладнево потпиша и Андре Шурле. Интересот на Борусија за овој фудбалер воопшто не беше тајна, преговорите со Волфсбург траеја повеќе од еден месец, за денеска официјално да биде потврдено дека Шурле е нов член на клубот од Дортмунд, во трансфер вреден 30 милиони евра.

– Едвај чекам да почнам со тренинзи, да докажам дека луѓето кои ме доведоа во Дортмунд не погрешија. Убеден сум дека го правам вистинскиот чекор во кариерата – изјави Шурле по потпишувањето на петгодишниот договор со „милионерите“.

Со ангажманот на германскиот репрезентативец Борусија значително ја засили навалната линија откако претходно беше донесен Марио Геце, но и младиот Французин Дембеле, кој игра во извонредна форма во подготвителниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top