| четврток, 6 декември 2018 |

Со осум рани во грб – млад скопјанец прободен кај градската фонтана

Ноќва во 2.38 часот во ЕИК, Т.В. пријавила дека, кај фонтаната во Градскиот парк, им се приближило непознато машко лице што побарало да му повикаат Итна медицинска помош бидејќи било повредено во грбот и многу крвавело, а кое било нападнато од три непознати лица.

По преземени мерки било утврдено дека повреденото лице е И.М. (22) од Скопје.

И.М. бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде што му се констатирани тешки телесни повреди (осум убоди од остар предмет во пределот на грбот). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top