Ако ги следите препораките на древнaта кинеска филозофијата за уредување на просторот фенг шуи и имате деца, ви нудиме предлог како да ја уредите нивната соба за да биде здрава, сигурна и безбeдна.
Децата се многу подложни на енергии од опкружувањето и токму поради овој факт многу е важно нивниот кревет да биде поставен во средишната позиција. Децата, веруваат Кинезите, можат многу лесно да се почувствуваат анксиозно и ранливо ако со грбот се завртени кон врата. Покрај креветот никогаш не смее да има уреди кои работат или користат струја и батерии.
Отстранете ги сите предмети поради кои чувствувате обврска, односно оние кои мислите дека морат да ги задржите од која било причина. Не заборавајте да ја проветрувате собата и секогаш да има свеж воздух . Слики со вода, аквариум, звуци од вода во собата можат да создадат нездраво опкружување па дури и да доведат до респираторни заболувања. Особено е важно да внимавате на ова ако децата имаат астма или други болести на дишните органи.
Зглавјето на детскиот кревет мора да биде наслонето на цврст ѕид. Обезбедете доволно простор за поминување од сите страни на креветот и немојте никако паралелно со ѕидот да ја поставите долгата страна на креветот. Избегнувајте креветот да биде под прозорец или во директна линија со вратата.
Ако е можно, креветот за момчињата треба да се постави на источната или на северната страна од собата, а на девојчињата на јужната, југозападната или на западната страна на просторијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и