Во станот на Радован Караџиќ пред осум години кога беше уапсен се пронајдени неколку видеоснимки со порнографска содржина, а на една снимка има и домашно порно видео со Караџиќ, пишуваат хрватските медиуми. Полицијата на Србија наводно ја има снимката, но наводно никогаш не е објавено со кого е на снимката поранешниот претседател на Република Српска.
Караџиќ (71) е осуден минатата година на 40 години затвор поради воени злостроства во Босна и Херцеговина. Во неговиот стан, покрај порноснимките, биле пронајдени и документи на војската на Република Српска, роковници и фотографии.
Караџиќ под името Дабиќ се занимавал со алтернативна психотерапија. Меѓу другото, од своите пациенти барал да ја пијат својата урина, пишуваат медиумите во Хрватска.
Караџиќ со години успеваше да се сокрие од полицијата, користејќи го лажниот идентите на доктор Драган Давид Дабиќ, а беше фатен на 21 јули 2008 гоидна во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.