| четврток, 6 декември 2018 |

САД решија, ќе му помогнат на Ердоган за екстрадиција на Ѓулен

САД  ѝ понудиле на Турција помош во врска со барањето на Анкара за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и кого Анкара го обвинува за обидот за преврат, информира весникот „Хуриет“, повикувајќи се изјава на портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

– Вашингтон ја информира турската страна дека може да испрати тим на претставници на Стејт департментот и на Министерството за правда во Анкара, со цел да помогнат во процесот на екстрадиција на Ѓулен – посочил Кирби.

По повод воведувањето вонредна состојба во Турција портпаорлот Кирби изјави дека американската страна има разбирање за цврстиот пристап на турските власти по обидот за преврат.

– Имаше закана против демократски избрана влада. Сметаме дека сите ние го разбираме сериозниот пристап кон еден таков вид закана – рече Кирби.

Според него, продолжува испитувањето на документацијата за барањето на екстрадицијата на Ѓулен, што беше испратена од Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top