| четврток, 6 декември 2018 |

Мо­же ли чи­та­ње­то да нѐ на­пра­ви по­среќ­ни?

Чи­та­ње­то е лек за сѐ. Чи­тај­те кни­ги ма­кар и по­ло­ви­на час на ден и ни­ко­гаш не­ма да би­де­те са­ми, ни­ту без на­деж, ни­ту без при­ја­те­ли. Чи­тај­те и ни­ко­гаш не­ма да би­де­те оса­ме­ни. Ве­лат де­ка нај­го­ле­ми­от фи­ло­зоф на сво­е­то вре­ме, Ема­ну­ел Кант ни­ко­гаш не го на­пу­штил ма­ло­то ме­сто во кое бил ро­ден. Но, се­пак, тој отк­лу­чил мно­гу вра­ти на уни­вер­зу­мот. И без па­ту­ва­ња го раз­би­рал све­тот чи­тај­ќи и раз­мис­лу­вај­ќи

Ако по­стои рај, го­во­рел Хор­хе Лу­ис Бор­хес, го­ле­ми­от љу­би­тел на кни­ги и на биб­ли­о­те­ки, то­гаш тоа е си­гур­но ед­на го­ле­ма не­прег­лед­на биб­ли­о­те­ка. За тие што са­ка­ат да чи­та­ат, биб­ли­о­те­ка­та, на­ви­сти­на, е единс­твен рај на зем­ја­та. Ме­сто ка­де што мо­же да се по­бег­не, да се тал­ка, да се фан­та­зи­ра и да се соз­на­ва. Тоа е единс­тве­но­то ме­сто ка­де што бо­гат­ство­то на­ре­де­но на по­ли­ци е до­стап­но на си­те. До­вол­но е са­мо да зна­е­те да чи­та­те.

Чи­та­ње­то е лек за сѐ. Чи­тај­те кни­ги ма­кар и по­ло­ви­на час на ден и ни­ко­гаш не­ма да би­де­те са­ми, ни­ту без на­деж, ни­ту без при­ја­те­ли. Чи­тај­те и ни­ко­гаш не­ма да би­де­те оса­ме­ни.

Ве­лат де­ка нај­го­ле­ми­от фи­ло­зоф на сво­е­то вре­ме, Ема­ну­ел Кант ни­ко­гаш не го на­пу­штил ма­ло­то ме­сто во кое бил ро­ден. Но, се­пак, тој отк­лу­чил мно­гу вра­ти на уни­вер­зу­мот. И без па­ту­ва­ња го раз­би­рал све­тот чи­тај­ќи и раз­мис­лу­вај­ќи.

Со чи­та­ње­то здо­би­ва­ме но­ви и, мо­же­би, нај­ин­те­рес­ни при­ја­те­ли.

Да­ли чи­та­ње­то кни­ги мо­же да нè на­пра­ви по­среќ­ни?

– Кни­га­та е фа­ктор на сре­ќа. Од чи­нот на неј­зи­но од­би­ра­ње, ше­тај­ќи ме­ѓу по­ли­ци­те и ра­фто­ви­те на кни­жар­ни­ци­те со жел­ба да се нај­де ви­стин­ска­та, пре­ку мо­мен­тот на неј­зи­но пр­во отво­ра­ње, ли­ста­ње­то на стра­ни­ци­те, пре­ку воз­бу­да­та на тоа „што ќе се слу­чи по­тоа“, па сè до за­до­волс­тво­то што го здо­би­ва­ме по­ра­ди за­вр­шу­ва­ње­то на поч­на­то­то де­ло, про­це­сот на чи­та­ње со се­бе пов­ле­ку­ва и вид­но по­до­бру­ва­ње на лич­но­то рас­по­ло­же­ние. Са­ми­от факт де­ка мож­но­ста да ѝ се на­вра­ти­ме на кни­га­та е бе­скрај­на и де­ка ние са­ми­те ре­ша­ва­ме ка­ко ќе те­че про­це­сот – да­ли ќе чи­та­ме на пре­ки­ни или одед­наш, бр­зо или бав­но, со хра­на или си пи­јач­ка, во фо­тел­ја или на пла­жа, не­од­мин­ли­во по­ста­ву­ва знак за ед­на­кво ме­ѓу чи­та­ње­то и лич­на­та ис­пол­не­тост – ве­ли Жар­ко Ку­јун­џи­ски, ма­ке­дон­ски пи­са­тел, по­ет, автор и сопс­тве­ник на из­да­вач­ка­та ку­ќа „Ан­то­лог“, па­си­о­ни­ран чи­та­тел.

zarko kujundziski 4 (Custom)

Кни­га­та е фа­ктор на сре­ќа, вели Жарко Кујунџиски

Чи­та­ње­то е ма­ги­ја што не ја има ни­ту ед­на дру­га ра­бо­та за­тоа што ед­на­кво ги ан­га­жи­ра на­ши­от ког­ни­ти­вен ра­ци­о­на­лен дел и на­ши­те емо­ции, но и на­ша­та кре­а­тив­ност, би­деј­ќи чи­та­те­лот мо­ра да има спо­соб­ност да за­мис­лу­ва, по­вр­зу­ва и да го над­гра­ду­ва тек­стот, за раз­ли­ка од гле­да­чот на филм, на при­мер, или на те­а­тар­ска прет­ста­ва, ка­де што пуб­ли­ка­та са­мо ре­а­ги­ра би­деј­ќи ве­ќе има по­ну­де­на сли­ка и при­каз­на, па ду­ри и изг­лед и од­не­су­ва­ње на ли­ко­ви­те, кои се це­лос­но де­фи­ни­ра­ни од стра­на на авто­рот.

За­тоа не­кои твр­дат де­ка си­те па­си­о­ни­ра­ни чи­та­те­ли се по­тен­ци­јал­ни пи­са­те­ли, но ни­кој не твр­ди де­ка си­те фил­мо­фи­ли се по­тен­ци­јал­ни филм­ски ре­жи­сер. За­тоа што чи­та­те­лот е во­ед­но и тво­рец.

Чи­та­ње­то ста­на и ви­стин­ски об­лик на ле­ку­ва­ње или нов вид пси­хо­те­ра­пи­ја, ко­ја се на­ре­ку­ва биб­ли­о­те­ра­пи­ја или те­ра­пи­ја со чи­та­ње. Има и струч­ни ли­ца што мо­же да пре­по­ра­ча­ат ле­ко­ви­ти кни­ги за се­ко­ја емо­тив­на со­стој­ба. Ако сте де­пре­сив­ни, ако не­ма­те на­деж, ако сте оста­ве­ни, таж­ни, вљу­бе­ни, ако сте за­гу­бе­ни, ако стра­да­те по­ра­ди не­ко­ја ра­бо­та, биб­ло­те­ра­пе­втот ќе ви по­ну­ди авто­ри и кни­ги што ќе ви по­мог­нат да сфа­ти­те или да ја над­ми­не­те сво­ја­та мо­мент­на со­стој­ба.

Да­ли си се на­шол во си­ту­а­ци­ја во ко­ја на чи­та­те­ли­те им пре­по­ра­чу­ваш кни­ги за чи­та­ње за по­до­бру­ва­ње на пси­хо­ло­шка­та со­стој­ба?

– Чи­та­ње­то го де­фи­ни­ра чо­ве­кот ка­ко сло­бод­но и мис­леч­ко би­тие. Од­би­ра­ње­то на ле­кти­ра­та се­ко­гаш е во ре­ла­ци­ја со не­ка­ква лич­на со­стој­ба и по­тре­ба. Ед­но чи­та­ат де­лов­ни­те лу­ѓе што ба­ра­ат на­чин ка­ко да ја по­до­брат сво­ја­та ефи­кас­ност. Дру­го чи­та­ат лу­ѓе­то што одат на од­мор. Тре­то тие што ба­ра­ат мир. Че­твр­то лу­ѓе­то што сту­ди­ра­ат кни­жев­ност или фи­ло­зо­фи­ја. За се­ко­го има по не­што. И се­ко­ја кни­га ја по­до­бру­ва не са­мо пси­хо­ло­шка­та, ту­ку оп­шта­та со­стој­ба на чо­веч­ко­то су­штес­тво би­деј­ќи кни­ги­те, иа­ко се пи­шу­ва­ат со ра­це, из­нур­ну­ва­ат од нај­го­ле­ми­те дла­бо­чи­ни на чо­ве­ко­ва­та ду­ша – сме­та Ку­јун­џи­ски.

Кни­ги­те отсе­ко­гаш би­ле „нај­до­бар при­ја­тел на чо­ве­кот“. Тие ни да­ва­ат мож­ност да по­раз­го­ва­ра­ме со лу­ѓе­то од ми­на­то­то, со струч­ни­те ли­ца што мо­же да ни по­мог­нат, со лу­ѓе­то од дру­ги­те кул­ту­ри, кои, мо­же­би, ни­ко­гаш не­ма фи­зич­ки да ги по­се­ти­ме, но од кои мо­же да на­у­чи­ме раз­лич­но да гле­да­ме на ра­бо­ти­те и да го тол­ку­ва­ме све­тот. Со кни­ги­те мо­же да па­ту­ва­ме, че­сто мно­гу по­до­бро откол­ку во ре­ал­но­ста. Мо­же да оди­ме низ пу­сти­ни и пра­шу­ми, да па­ту­ва­ме низ вре­ме­то, да во­ди­ме вој­ни, да осво­ју­ва­ме но­ви все­лен­ски про­сто­ри, да се дру­жи­ме со моќ­ни­те, му­дри­те, бо­га­ти­те, си­ро­маш­ни­те. Со кни­ги­те мо­же­ме што са­ка­ме, мож­но­сти­те се не­прег­лед­ни.

Де­нес жи­ве­е­ме во свет во кој по­стои го­ле­ма опас­ност да за­бо­ра­ви­ме да меч­та­е­ме. Фан­та­зи­ја­та и спо­соб­но­ста за за­мис­лу­ва­ње се ка­ко и се­ко­ја дру­га спо­соб­ност, ако не се веж­ба, се за­бо­ра­ва. Чи­та­ње­то е нај­до­бра веж­ба за фан­та­зи­ра­ње. Ко­га чи­та­ме, ние за­мис­лу­ва­ме. И то­гаш гле­да­ме де­ка не сме са­ми, де­ка ни­ту еден чо­век не е остров, со­се­ма сам за се­бе. И та­ка со чи­та­ње­то и са­мо со чи­та­ње се­кој од нас рас­те и сфа­ќа де­ка по­стои не­што по­вред­но од нас са­ми­те. Сфа­ќа­ме де­ка сме дел од уни­вер­зу­мот, од исто­ри­ја­та.

zarko kujundziski 3 (Custom)

Ако има не­кој што не чи­та, тре­ба да поч­не

– По­ве­ќе­то лу­ѓе мис­лат де­ка чув­ство­то е ин­ди­ви­ду­ал­но, од­нос­но де­ка чи­та­ат тол­ку кол­ку што им се чи­та, од­нос­но до­вол­но, во сог­лас­ност со нив­ни­те пог­ле­ди и убе­ду­ва­ња. Ве­ро­јат­но има не­ка­ква ви­сти­на и во тоа, но по­ве­ќе се сог­ла­су­вам со ста­вот де­ка ни­ко­гаш не е до­ста од чи­та­ње. Ако има не­кој што не чи­та, тре­ба да поч­не, а тој што чи­та, се­ко­гаш мо­же уште по­ве­ќе, сè до­де­ка чи­та­ње­то не ста­не еден вид се­којд­не­вие, ка­ко што е ја­де­ње­то или про­вер­ка­та на про­фи­лот на „Фејс­бук“. Сло­га­нот на на­ша­та из­да­вач­ка ку­ќа е „за­вис­ни од кни­ги“, би­деј­ќи чи­та­ње­то е единс­тве­на­та за­вис­ност од ко­ја не­ма не­га­тив­ни пос­ле­ди­ци во жи­во­тот, а има ил­јад­ни­ци при­ме­ри што до­ка­жу­ва­ат де­ка чи­та­ње­то е влез­ни­ца во све­тот на ус­пеш­но­ста. Знам мно­гу лу­ѓе што се фа­ти­ле за кни­га и де­нес се лу­ѓе од врв­на ка­ри­е­ра и кај нас и во це­ли­от свет, но не знам ни­ту еден што се фа­тил за пи­штол, а на кој не му се пи­ша­ло не­што ло­шо – за­вр­шу­ва Ку­јун­џи­ски.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top