| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто децата од Алепо држат фотографии од „Покемон“

pokemon sirija

Додека на едниот крај на светот владее лудило по „Покемон“ – опседнати луѓе се забиваат во дрвја или случајно удираат во полициски автомобили додека возејќи се обидуваат да ги фатат сите, едно сириско село ги користи анимираните ликови за да привлече внимание на состојбата на децата заробени во земјата во која се води граѓанска војна и која сака да биде спасена, пренесува „и24.њус“ (i24.news).
„Покемон гоу“ користи сателитско лоцирање на паметните телефони и можности што ги нудат графиката и камерите за да ги постави цртаните ликови во опкружувањето на реалниот свет, предизвикувајќи играчите да ги заробат и облечат суштествата за борба.

Во настојување да привлечат внимание на своите проблеми, децата од селото Кафр Набл во северозападна Сирија почнале да држат плакати со ликовите од „Покемон“. Во натписите на арапски пишува: „Јас живеам во Кафр Набл во близина на Алепо. Дојди, фати ме!“

Графичкиот дизајнер Саиф Тахан креирал серија фотографии на тема „Покемон“. Во серијата „Сирија гоу“, фотографиите покажуваат подадена рака, која држи паметен телефон пред уништените сириски градови. Место да наоѓа Покемони, „играчот“ пронаоѓа прибор за прва помош, појас за спасување, куќа што не е урната или книги во уништените училишта.

Фотографиите ги одразуваат размерите на уништување и страдање на луѓето во Сирија.

Граѓанската војна во Сирија почна во 2011 година, кога безбедносните сили се судрија со демонстрантите, кои бараа заминување на претседателот Башар ал Асад, што предизвика сеопфатен судир во кој беа убиени повеќе од 270.000 луѓе, а милиони се и допрва ќе се раселуваат.

Според податоците на организацијата „Спасете ги децата“, најмалку 250.000 деца живеат во сириските градови што се под опсада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top