Одредбите во делот на регулацијата на медиумската сфера, ги утврдија 4-те политички партии заедно, објаснува вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров на „ТВ Нова“, додавјќи дека нивниот предлог бил наместо да важи 60 дена регулацијата, од денот на распишување избори да важи 100 дена.
-На тој начин овозможивме за цело времетраење на пржинската влада да имаме регулиран медиумски простор на начин на кој 4-те политички партии го договориле. Тоа беше наш предлог. Сите го поздравија а СДСМ немаше многу простор ова да го одбие. Ние од ВМРО-ДПМНЕ рековме дека ниту новинар ниту медиум да не може да биде казнет за изразено мислење и став или прилог, вели Тодоров.
Но кога СДСМ побара да се разговара за Советот, објаснува Тодоров, нам ни беше јасно што сакаат да направат.
-Јасно беше што беше целата игра и да се контролираат медиумите и така дојде овој предлог за формирање на ад хок тело кое ќе биде формирано од страна на Агенцијата и која ќе има задача да ја мониторира примената на методологија за време на изборен процес. А согласно новите правила наместо 60 дена ќе важи 100 дена и тоа ќе биде улогата на телото, да следи дали соодветно се применува методологијата. Тука се постави договорот. Потоа разговараме за уште една работа, како да се следи избалансираноста на медиумите. Балансираност на медиум не можеш да следиш на дневна основа. Поената е во еден временски интервал да има избалансираност на пораките. Тоа што ние го поставивме е дека не може да биде помал од 7 дерна а колкав ќе биде траба да одлучи ад хок телото, каде 5 члена ќе одлучуваат, од кои 2 од најголемите политички партии, кое ќе го изберат 5-от член, појасни Тодоров.
Очекувам дека тој период не може да биде подолг 10-15 дена. Тоа е востановена пракса. И мислам дека треба да се подели на 2 дела пред кампањата и за време на кампањата, заклучи Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.