| четврток, 6 декември 2018 |

Парламентот изгласа: Три месеци воена состојва во Турција

Турскиот Парламент одобри воведување вонредна состојба во државата. Пратениците го поддржаа барањето со 346 гласа „за“ и 115 „против“.

Согласно Уставот на Турција при вонредна состојба се ограничуваат основните права претседателот на државата во голем степен може да управува со укази.

Ова се некои од главните мерки што турската Влада може да ги воведе:

– Може да биде воведен полициски час;

– Печатени медиуми (весници, списанија и книги) можат да бидат забранети или да не можат да се издадат без одлука на властите;

– Сите форми на објавување текстови, филм, и аудио фајлови може да бидат под контрола, ограничени или забранети;

– Претставници на службите за безбедност може да вршат претрес на лица, возила, недвижен имот и да конфискуваат потенцијалнио докази;

– Определени зони можат да бидат блокирани или евакуирани;

– Може да бидат забранети собири и протестите;

– Може да биде прекинат транспортот во определени зони на одредено време;

– Државата може да преземе контрола врз сообраќајот по копно, воздух и вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top