Повеќето полначи за мобилни телефони имаат многу кратки кабли, а за тоа постои добра причина. Ако сте мислеле дека е во прашање штедење на големите компании, сте се измамиле.
Имено, телефоните за време на полнењето се греат, а доколку за тоа време телефонот интензивно се користи, може да дојде до прегревање и до оштетување на батеријата, но и на самите компоненти на уредот.
Поради тоа компаниите решаваат да ги скратат каблите на своите полначи за да ги одвратат корисниците од користење за време на полнењето, а сè со цел да се спречат оштетувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.