-Книгата е објавена неодамна и оттогаш е хаос во училиштето. Авторката е поранешна учаничка на Сообраќајното училиште, но никаде во книгата не спомена дека дејството се случува таму. Меѓутоа, пишува за предметите, полагање возачки испит, па така на сите им стана јасно за кое училиште станува збор – раскажа соговорник запознат со случувањата во Сообраќајно-техничкото училиште.
Дополнителна загриженост внесоа описите на професорите и нивната интима. Главниот лик на романот со професорот, кој авторката го нарекува Саша Арсиќ, имала сексуален однос, кој е детално опишан. Тој секс, според наводите во книгата, се случил три и пол месеци пред полнолетството.
-Иако во книгата се сменети имињата, точно се знае кои професори ги опишала авторката. Каде и со кого живеат. Тие настани се напишани веродостојно. Дури и за еден професор, кого го нарекува Милош Ристиќ, навела од каде му е сопругата, која во тој град престојувала токму кога Наташа доаѓала кај него да се галат – додава соговорникот.
Доколку наведеното во книгата е вистина, најшокантно е, смета соговорникот, што за Наташа и за нејзините односи, всушност за врските со професорите, знаел и училишниот психолог.
-Главниот лик на психологот му признала дека е во врска со професорот Ристиќ, но дека не сака да го пријави бидејќи е свесна дека ќе ја загуби работата, бракот. Доколку е ова вистина, тоа е страшен удар за училиштето! Значи дека надлежните знаеле за односите меѓу професорот и ученичката и никој не реагирал. Сите молчеле. Тоа е скандал – наведува соговорникот.
Новинарите се обиделе да стапат во контакт со авторката, но од издавачката куќа им било кажано дека е во странство и се враќа на почетокот на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.