| четврток, 6 декември 2018 |

Додека другите си ги мерат пастрмалиите, Скопје се слади со симит-погача

Симит-погачата е исклучив скопски специјалитет, еден од ретките деликатеси што се прави и продава речиси исклучиво во Скопје. И да се најде на друго место, мајсторот е од Скопје или барем занаетот е пренесен од тука.

Симит-погачата, иако има турско име, не се приготвува во Турција. Во Истанбул има неколку бурекчилници во кои може да се купи симит-погача, а ги држат скопски семејства, Турци кои се иселиле во Турција во 50-тите години од минатиот век. Симит-погачата на излогот од тие бурекчилници се рекламира со натпис „скопска симит-погача“, зашто ако побарате симит во Истанбул, ќе добиете ѓеврек.

Кој дел е симитот, а кој погачата?

Симит е збор со турско потекло и значи печиво, што значи дека во симит-погачата тоа е лепчето. Погача, пак, на турски е пита, па погача е празниот бурек.

Значи, симит-погачата е сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна пита без заире , која неодоливо потсеќа на бурек.

Зајадливите потценувачки ќе речат дека симит-погача е „празен сендвич“, „леб во леб“, „леб со леб“… ммастрафот на симитот е наутот што се става во тестото, а мајсторијата на погачата е во овчата или кравјата маст.

Како и секој специјалитет, и симит-погачата има свој начин на јадење. Исклучиво се јаде, онака како што се продава, како целосен сендвич. Имено, погачата е мрсна, а лепчето е суво и го „пие“ мрсот од бурекот. Со неа може да се пие јогурт по желба. Но, само јогурт и ништо друго. И, да… Симит-погачата, за разлика од бурекот, не е маренда, ниту ручек, ниту вечера. Таа е исклучиво доручек. Затоа и можете да ја најдете само рано сабајле (во 10 часот е веќе предоцна) или доцна ноќе (зависи како гледате на временските периоди) кога таа се подготвува во бурекџилниците. Втор важен момент е дека се јаде тазе, бидејќи релативно брзо се стврднува (и симитот, а и погачата), а тука никакво подгревање не успева.

За жал, нема сочувано никакви податоци за тоа од кога, каде и како почнала да се прави симит-погачата во Скопје. Целиот текстпрочитајте го ТУКА.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top