Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во недостиг на материјални докази против битолскиот градоначалник Владимир Талевски го поддржува спектакуларното политичко злоупотребување на работата на СЈО со кое се оцрнуваат високи функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањата дали вчерашното присуство на Владимир Талевски во СЈО е на приватна покана за средба или службено дејство во рамки на истрагата кое треба да се спроведе тајно, од СЈО велат дека ова се „официјални истражни дејства, кои се преземени во согласност со ЗКП“.
„Предметот за кој се преземени споменатите дејствија, како што е добро познато е објавен во јавноста и се наоѓа веќе во фаза на истражна постапка, така што податоците што се објавени и за кои покажувате интерес, по оцена на ова Јавно обвинителство не штетат на истрагата. Сето ова дотолку повеќе што принципот на транспарентност наложува задолжително објавување на информации кои не штетат на истрагите, а со цел навремено и точно информирање на јавноста“, велат од СЈО.
Од СЈО, сепак, не одговараат дали СЈО ќе покрене истрага и ќе повика одредени медиуми за да испита кој ја нарушува тајноста на истрагата и дали доколку Катица Јанева не може да ја обезбеди тајноста на истрагата, планира да си поднесе оставка.
На прашањата чија е проценката што ѝ штети на истрагата, а што не, и дали е консултиран судијата на претходна постапка, од СЈО велат дека со истражната постапка раководи јавниот обвинител и законот бил јасен во кои ситуации се консултира судија на претходна постапка, што не било случај со конкретниот пример.
Од СЈО не добивме одговор дали ќе покренетат истрага од каде протекле информациите со оглед на тоа што адвокатите на осомничениот Талевски сметаат дека со ваквиот начин на водење на истражните дејствија се нарушуваат правата и угледот на осомничениот.
Јавноста вчера коментираше дека проценката на СЈО и СДСМ е дека во недостиг на никакви материјални докази против Талевски, треба максимално да се искористи моментот и барем медиумски да се поентира преку негово оцрнување од страна на новинарите кои се на платни списоци на СДСМ – Сорос.
Талевски по распитот во Специјалното јавно обвинителство вчера изјави дека нема незаконитост во постапката со организирање превоз на ученици во Битола.
Станува збор за наметната постапка. Не може врз основа на една снимка да се конструира ваква политичка хајка. Постапката е транспарентна и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа, рече Талески.
Според него, овој случај е наметната постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.