Водителката на Си-Ен-Ен Турк, Ханде Фират, откри дека нејзиниот телефон преку кој Ердоган испрати порака за спас на Турција, сакаат да го откупат за 250.000 долари.
Кога започнал државниот удар, таа успеала преку фејстајм апликацијата да го добие претседателот на линија и да го вклучи директно во програма за да и се обрати на нацијата.
Тој момент, според општо мислење, бил пресуден за да пропадне државниот удар.
-Постојано добивам честитки и цвеќе од сограѓаните, а ми стигнуваат и понуди за откуп на телефонот. Еден човек од Саудиска Арабија ми понуди дури 250.000 долари за него, вели Ханде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.