
Најдобриот македонски пливач и олимпиец Марко Блажевски, кој неколку години наназад тренира и се натпреварува во САД, ќе биде дел од делегацијата на Mакедонскиот олимписки комитет и ќе плива на Летните oлимписки игри во Рио 2016 година.
Соопштението од олимпискииот комитет на Македонија и начинот на обезбедување на уште едно место за наш олимпиец ви го пренесуваме во целост.
„Македонскиот олимписки комитет, во согласност со Повелбата на Меѓународниот олимписки комитет е единствено надлежно институција која одлучува за составот на македонската Олимписка делегација на Олимписките игри. Иако селекцијата на спортистите и тренерите се врши на предлог на соодветните Национални спортски федерации, крајната одлука ја носи Македонскиот олимписки комитет земајќи ги во предвид не само спортските резултати туку и многу други бројни елементи важни за општата улога која спортистите ја имаат во нашето општество.
Во случајот на Марко Блажевски, Македонскиот олимписки комитет потенцира дека донел приципиелна одлука со која е предвидено, во интерес на развојот на спортот и интересите на поширокиот број на врвни спортисти, дека “еден спортист не може да учествува на две Олимписки игри со вајлд карта(покана) или “Б“ норма. Марко Блажевски не исполни “А“ Олимписка норма и според ова принципиелно правило Марко Блажевски не можеше да учествува на Олимписките игри Рио 2016.
Македонскиот олимписки комитет ја информира јавноста дека на Марко Блажевски во изминатите два Олимписки циклуси (Лондон 2012 и Рио 2016), му се обезбедени најдобри можни услови за постигнување на “А“ Олимписка норма. На Марко Блажевски, од страна на Македонскиот олимписки комитет, му беше обезбедена месечна Олимписка стипендија во износ од 800 американски долари како и стипендија во износ од 160,000 американски долари за школување и тренирање на Универзитет во САД, со врвен пливачки тренажен програм за унапредување на неговите спортските резултати, но и добивање и диплома и едукација која ќе му користи во кариерата по завршувањето на неговата спортска кариера.
Согласно интензивната комуникација која Македонскиот олимписки комитет ја имаше во изминатиот период со Меѓународниот олимписки комитет и ФИНА, барајќи поволно решение, Македонскиот олимписки комитет даде предлог одлуката на ФИНА со која Марко Блажевски има вајлд карта/покана да се промени во одлука според која Марко е квалификуван спортист за учество на ОИ Рио 2016. Согласно најновата одлука на ФИНА, според која Марко Блажевски е квалификуван за настап на ОИ Рио 2016, Македонскиот олимписки комитет донесе одлука за вклучување на Марко Блажевски во олимписката екипа на Македонскиот олимписки комитет, која ќе учествува на ОИ Рио 2016.
Искрено се надеваме дека со својот настап во Рио, Марко Блажевски ќе постигне резултат со кој ќе ги оправда сите вложувања на Македонскиот олимписки комитет во изминатите два олимписки циклуса.“
Македонија ќе ја претставуваат уште и Ристе Пандев (атлетика, 100 метри), Дрита Исљами (атлетика, 400 метри со пречки), Анастасија Катерина Богдановски (пливање, 200 метри слободно), Нина Балабан (спортско стрелаштво, воздушна пушка 10 метри) и Катерина Николоска (џудо, -63 кгр)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!
-
Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање


