| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го спаси Ердоган?

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган неколку часа пред почетокот на немирите  добил предупредување од руските разузнавачки служби дека му се подготува пуч, јавува иранската информативна агенција „Фарс“, а пренесува „Спутник“.

Арапските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори во Анкара соопштија дека Информативната служба на Турција била предупредувана од своите руски колеги дека е неизбежен воен удар.

Овие информации ги добила руската војска, наводно од разговорите на пучистите. Се наведува дека организаторите на пучот, меѓу другото дискутирале за плановите да испратат неколку хеликоптери во Мармарис каде што се наоѓал Ердоган.

– Дипломатските извори наведуваат дека промената на надворешната политика на Ердоган само една недела пред државниот удар е главна причина поради која неколку странски држави провоцирале и ветувале поддржка на војската да изведе пуч, но токму тој истиот напредок во надворешната политика и го спасил – наведува „Фарс“.

Во Турција ноќта на 16 јули имаше обид за воен удар, а според последните податоци убиени се 290 лица.

Турските власи успеаја да ја преземат контролата над земјата, а досега се уапсени повеќе од 10 илјади луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top