Два лидера, две жени, паметни, прагматични, ќе се сретнат на почетокот на процесот во кој ќе се обидат да ги решат најголемите проблеми на Европа, пишува „Би-Би-Си“.
Новата британска премиерка Тереза Меј знае дека нејзината колешка од Берлин, Ангела Меркел, нема да биде импресионирана од изјавата „Брегзит значи Брегзит“, затоа што германската канцеларка, како и остатокот од Европа, е нетрпелива да слушне што, всушност, значи „Брегзит“ за Британија и за нејзините некогашни партнери, коментира „Би-Би-Си“.
– Тие што имаат визии би требало да одат на лекар – му рече Меркел на Камерон во еден од првите разговори за тоа како Камерон ја гледа иднината на ЕУ.
Поранешниот британски амбасадор во Берлин Пол Левер наведува дека германската канцеларка не сака додворување, туку очекува одговори.
-Шармирање во традиционална смисла е губење време, па ако сакате да успеете во разговорот со неа, подобро е да бидете директен и јасен. Тоа што би сакала да го чуе Меркел е како сега британската влада ќе ги решава работите, особено кога ќе биде активиран членот 50 – наведува Левер.
Тереза Меј предочи дека нема да поднесе „барање за развод“ пред таа и владата да бидат сигурни каков однос сакаат со ЕУ и каков живот ќе биде најдобар за тие што ги оставаат зад себе.
Со Тереза Меј во Берлин, Ангела Меркел ќе може да ја повторува својата омилена англиска изрека: „Кога се сака, сѐ се може“.
Битанија, како што му рече Меркел на Камерон, е „проблематичното дет на ЕУ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.