| четврток, 6 декември 2018 |

Волци-самотници со ментални болести: Европол тврди слаба е врската меѓу ИСИЛ и нападите

Психички болессти би можеле да бидат причина за изолирани напади на волци-самотници, тврди европската полициска агенција

Европол истакнува дека се уште не може со сигурност да се каже дека нападите не би се случиле независно од ИСИЛ. Врската меѓу оваа група и неодамнешните напади во Европа и САД е слаба и најверојатно психички болести би можеле да бидат мотив за овие изолирани напади, смета европската полициска агенција.
Посебниот извештај на Европол за нападите на т.н. волци-самотници кој се фокусира на смртоносните напади во Орландо на Флорида, во Магнавил, во Ница во Франција и во Вирзбург во Германија е додаток на годишниот извештај на европската полициска агенција за тероризмот објавен во мај.
Европол признава дека некои од напаѓачите тврделе дека се верни на ИСИЛ, кој ги повика муслиманите на запад да изведуваат напади.

„Иако ИСИЛ презеде одговорност,изгледа дека ниту еден од нападите не бил планиран, нема логистика и не ги зивела директно групата, според податоците со кои располагаме. ИСИЛ ги поддржа нападите, но поврзаноста на напаѓачите со таа група не е јасна“, пишува во извештајот.

Европол додава дека приблично 35% од луѓето кои самостојно извеле напади од 2000 до 2015 боледувале од некој вид ментално пореметување.
„И покрај тоа што некои изолирани напаѓачи ја поврзуваат религијата и идеологијата со своите дела, улогата на потенцијалните ментални проблеми не смее да се занемари“, нагласено е во извештајот на Европол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top