| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјани ограбени од хакери од Кариби?

Хакери од Карипските острови градот Санта Лучија рано утринава се обидувале да влезат во банкарските сметки на повеќе граѓани во Штип, објави Телма. 40-годишен штипјанец рано утринава во 3 часот и 33 минути добил известување на неговиот мобилен телефон дека од неговата трансакциска смета има неуспешен обид да се подигнат околу 10. 600 денари или околу 200 американски долари. Обидот не бил успешен бидејќи на сметката немал толку пари, колку што интернет криминалецот сакал да му земе. Но, ова денеска не е единствениот случај во Штип на повеќе граѓаните, кои се клиенти на една македонска банка им е пристигната пораката: „Почитуван­а вашата Виза електрон картичка е блокирана од безбедносни причини и ќе биде реизработена на трошок на банката”. Граѓаните велат дека слушнале за сајбер криминалци, а некои од нив велат дека и биле нивна мета. Советникот по информатика, Драган Ѓоргиев вели дека сајбер криминалците користат неколку начини за кражба на податоци од трaнсакциската сметка, а кај нас најчесто тоа го прават со поставување на читачи на банкоматите. Забележува дека постојат знаци кои граѓаните можат да ги препознаат дали банкоматот е хакиран И покрај тоа што на голем број штипјани им се блокирани електронските картички сепак, од Министерството за внатрешни случаи велат дека денеска немаат пријава од страна на некоја македонска банка за злоупотреба на банкарските сметки на нивните клиенти. Но, според нивните анализи во текот на една седмица нотираат по неколку вакви случаи, кои ги пријавуваат банките најчесто за злоупотреба при купување на стока преку интернет или кражба на банкарски податоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top