Директорот на ЦИА Џон Бренан сигурно знаел што се случува во Турција, изјави поранешниот шеф на канцеларијата на поранешниот државен секретар Колин Пауел Лоренс Вилкерсон за агенцијата „Спутник“.
– Совршено е јасно дека Бренан и останатите знаеле што се случува во Турција и сигурно имале врска со тоа. Или ние преку внатрешните канали советуваме на воздржаност од тоа што се случува од време на време, или, напротив, приднесовме за тоа, или нешто помеѓу – изјави Вилкерсон.
Вилкерсон наведува дека САД одамна користат пучеви како стандарден политички и воен механизам за смена на проблематичните влади на оние земји кои непријателски се однесуваат кон американските интересни.
– За време на претседателстувањето на Роналд Реган, под раководство на ЦИА биле изведени 58 тајни операции – изјави Вилкерсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.