Турскиот висок образовен одбор им забрани на сите академици да патуваат во странство. Забраната е на сила до понатамошното известување, соопшти државната телевизија ТРТ.
Забраната доаѓа откако владата нареди ги отпушти сите универзитетски декани на приватните и на државните универзитети, вкупно 1.577 луѓе.
Исто така, властите им ги одзедоа лиценците на 21.000 наставници во приватни училишта, со што вкупниот број на отпуштените работници се искачи на речиси 60.000.
Владата се сомнева дека академиците се поврзани со турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, со седиште во САД, кој ги негира тврдењата дека стои зад неодамнешниот обид за државен удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.