| четврток, 6 декември 2018 |

Валандовска фраерка: Вперила пиштол во полицаец, заработи кривична иако бил пластичен

Вчера во 14.40 часот на ул.„Првомајска“ во Валандово од страна на полициски службеник било сопрено возило „голф“ со штипски регистарски таблички, управувано од Т. Т. (35) од Штип, поради констатиран сообраќаен прекршок.

Кога полицискиот службеник побарал документи за идентификација Т.Т. почнал да го навредува и омаловажува, а Ќ.С. (20), сопатничката во возилото изјавила дека не носи лична карта, по што извадила пиштол и го вперила во полицискиот службеник. Полицаецот реагирал и и го одзел пиштолот при што забележал дека е пластичен.

Лицата се приведени во полициска станица.

Против Т.Т. ќе биде поднесена прекршочна пријава по чл.13 ст.2 од ЗППЈРМ, додека против Ќ.С. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.382 ст.3 од КЗ на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top