По завршената тендерска постапка за поставување на централен систем за затоплување и разладување на концертната сала позната уште и како „Денсинг сала“, во Младинскиот културен центар наскоро ќе се започне со реализација на проектот.
Средствата во висина од еден милион и осумстотини илјади денари се обезбедени од Буџетот на Град Скопје, а сиот проект на поставување и изведба ќе биде завршен согласно законски пропишаниот рок.
Со ова, конечно ќе биде решен општопознатиот скоро полвековен горлив проблем и неможноста за одржување на концерти, театарски претстави и останати настани во култната „Денсинг сала“ во текот на летните месеци.
Во изминатите три години, по реализацијата на проектите за целосно реконструирање на Џебното кино и киното Фросина во чии рамки беше и поставувањето на централни системи за затоплување и разладување во овие сали, со овој проект, ќе бидат комплетирани и целосно функционални сите сали и капацитети во ЈУ Младински културен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.