| четврток, 6 декември 2018 |

Летовите за Турција регулирани

Воздушниот сообраќај и летовите кон и од Турција се одвиваат регуларно, согласно најавениот распоред, а сите хотели и летувалишта функционираат на најдобар можен начин, соопшти денеска Советништвото за култура и информации при Амбасадата на Република Турција во Скопје.

Според Советништвото, надминати се кратките прекини поради неодамнешните случувања во земјата.

– Во  сите туристички дестинации како Мугла, Анталија, Измир,…, нашите и странските државјани – туристи не беа соочени и не доживеаја никакви непријатности, додава Советништвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top