Британската премиерка Тереза Меј го информираше претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека Велика Британија се откажува од ротирачкото претседавање со Европската унија кое требаше да го превземе од јули до декември 2017 година, соопшти британската влада. Меј тоа го пренела на Туск во телефонски разговор.
Тереза Меј рекла дека нејзината земја ќе биде многу зафатена со преговорите за излегување од ЕУ- рекол портпаролот на владата
Оваа одлука е донесена еден месец од кога Британците на референдум гласаа за излегување од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.